Утре и задутре ќе се одржи годишна конференција „Година на нови можности”

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на Република Северна Македонија, ја организира годишната конференција „Година на нови можности”, што ќе се одржи утре (30 јануари 2023 година) и задутре (31 јануари 2023 година), во хотелот „Александар Палас”, Скопје со почеток во 10:00 часот.

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци.

Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.

Медиумските екипи кои се акредитираа за настанот потребно е на 30 јануари (понеделник) да пристигнат во 8:30 часот од влезот кај тениското игралиште кај конференциската сала број 3, каде ќе може да се подигне регистрационата картичка неопходна за влез на конференцијата.

Дополнително, постои можност за следење на годишната конференција „Година на нови можности” и на следните линкови:

Слични содржини