Утре и задутре инфо денови за ИПАРД 2 во Сопиште и Петровец

од Vladimir Zorba

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020 организираат инфо денови во општина Сопиште и општина Петровец.

 

Претставниците од овие две институции ќе ги информираат земјоделците, фирмите и други заинтересирани за процедурите за конкурирање за мерките од ИПАРД 2 Програмата. Во Сопиште ќе се претстави мерка 7 во вторник, 08. октомври 2019, додека во Петровец ќе се претстават мерка 3 и мерка 7 во среда, 09. октомври 2019. Целта на овие инфо денови е да се поттикне интересот, да се запознаат заинтересираните со постапката за аплицирање и за бенефитите од ново отворенииот јавен повик за корисење на средства од ИПАРД за „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“.

Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во склоп на едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 го објавија јавниот повик 01/2019 за корисење на средства од ИПАРД за мерка 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“. Самата финансиска поддршка за овој повик е составена од 75 проценти средства обезбедени од ИПАРД и 25 отсто од буџетот на државата. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка во износ од 65 проценти од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за меркаата „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“.

Во претходните повици за мерка 1 и мерка 3 се покажа голема заинтересираност. За мерка 1 биле поднесени 1.099 барања, а од Агенцијата очекуваат да склучат 800 договори и да се контрактираат околу 10 милиони евра. За мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“, биле пристигнати 64 апликации и моментално има склучено 31 договор. Конкретно во цел овој програмски период на ИПАРД 2 се потпишани договори во вредност од 25,7 милиони евра, средства кои веќе се ставени на располагање

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Слични содржини