Утре и задутре ќе паѓа главно снег

од desk4
85 прегледи

Денешните дождови до 16 часот донесоа 17 литри дожд на квадратен метар во Маврово, 13 литри во Тетово, 12 во Охрид, 4 во Скопје, до 1 литар во Берово, Штип, Виница, Струмица и Прилеп, соопштува УХМР.

Висината на снежната покривка до 16 часот изнесувала 55 сантиметри во Маврово, 32 во Пожаране, 8 сантиметри во Тетово, 5 сантиметри во Берово и 2 сантиметри во Охрид.

Утре и задутре во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела, вели прогнозата на УХМР.