Утре и задутре посебен сообраќен режим поради посетата на претседателот на Бугарското собрание

од Nikola Popovski
255 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 13 и 14.11.2023 поради посета на делегација предводена од претседателот на Народното собрание на Р.Бугарија,  Росен Желјазков, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

Слични содржини