Утре ќе бидат исклучени семафори во центарот на Скопје, информираат од „ЕВН“

од Nikola Popovski
323 прегледи

„ЕВН Македонија“ информира дека утре без струја ќе останат делови од центарот на Скопје.

-Во периодот од 8 до 15.30 часот, ќе има вонредно исклучување на следните локации: семафорите на раскрсницата кај „Веро Џамбо“, улицата Кеј 13 Ноември, ТС Правен факултет и ТС 8, улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот кај „Холидеј ин“ и околината (општина Центар), велат од таму преку соопштение.

По повод ова, со реакција се јавија од скопското Јавно претпријатие „Улици и патишта“. Тие бараат полицијата да не дозволи да настане сообраќаен колапс.

-По најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на утрешниот ден од 8 до 15:30 часот ги повикуваме надлежните за регулирање на сообраќајот односно МВР да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, се вели во соопштението на „Улици и патишта“.

 

Слични содржини