Утре ќе биде избран најдобриот играч во Европа – медиумите открија кој е

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Наградата на УЕФА за најдобар играч во Европа за сезоната 2020/2021 ќе ја добие играчот за врска на Челси, Жоргињо, тврдат италијанските медиуми.

Тој ја освои Лигата на шампионите со Челси, а ја заокружи успешната година со освојување на титулата на Европско првенство со репрезентацијата на Италија. Сега, според информации од италијански извори, ќе добие и големо лично признание.

Се треба официјално да се потврди пред утрешната ждрепка за групите во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, во игра за престижната награда се и Белгиецот Кевин де Бруин (Манчестер Сити), италијанскиот Бразилец Жоргињо и Французинот Н’Голо Канте (двајцата од Челси).

Тројцата беа избрани од селекторите на 24 репрезентации од Европското првенство, 80 тренери на клубови кои играа во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа и 55 новинари, по еден од секој член на УЕФА.

Слични содржини