Утре ќе пристигнат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

од Берта Китинска
212 прегледи

Министерството за надворешни работи преку соопштение информира дека утре пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија.

Тие ќе пристигнат претпладне на Меѓународниот аеродром Скопје.

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот со македонска регистрација што изгоре на автопатот Струма. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.

Во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот кај селото Бошнек, автобус со скопски таблички кој сообраќал од Турција кон Република Северна Македонија излетал и се запалил.

„Во среда, на 1 декември, со указ на надзорниот обвинител, посмртните останки на жртвите беа пуштени и предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини“, рече Борислав Сарафов.

Бугарската влада ќе помогне во транспортот, откако обезбеден е воен авион.

Слични содржини