341
Припадниците на ДЗС ги завршија и последните подготовки за Меѓународна вежба „North Macedonia 2021“, која почнува од утре 20.9.2021г.
Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на повеќе локации во Охрид и Струга ќе се одржи Меѓународна вежба „North Macedonia 2021“.
Во вежбата која започнува од утре 20.09.2021 г. Дирекцијата за заштита и спасување ќе учествува со Тим од спасување од урнатини составен од 21 припадници, Тим за спасување од вода составен од 15 припадници, Тим во базниот камп со 14 припадници и околу 40 припадници за потребите на вежбата кои ќе дадат логистичка поддршка, безбедност, медиуми и други потреби за ова значајна вежба за Република Северна Македонија.