Утре ќе се вади бродот „Мис Стон“ што потона во каналот Студенчишта и излеа нафта

од desk4
81 прегледи

За утре е закажано итно вадење на бродот „Мис Стон“ од каналот Студенчишта во Охрид, информираат од Општина Охрид.

Од општината информираат дека на лице место излегле претставниците на локалната самоуправа, надлежниот Државен Инспектор за животна средина од Охрид (ДИЖС) кој направил вонреден инспекциски надзор, како и капетанот на охридската капетанија.

„На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стоун“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги преземе сите законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка. За закажано итно вадење на бродот од каналот со соодветна механизација, со што ќе се спречи натамошно излевање на нафта во езерото, а со тоа и потенцијалните последици за живиот свет во него и животната средина“, велат од општинската администрација.