Точно во 19:02 часот завршиле расправите за гласањето за доверба на владата на Кирил Петков. Гласањето ќе се одржи на вонредна седница во среда во 19:10 часот, јавуваат бугарските медиуми.
Денешната расправа почнала во 11:00 часот и поминала во знакот на остри критики, обвинувања, но и навредливи зборови кои се слушале од законодавната институција.
Утрото започнале и протести и демонстрации против и за поддршка на владата.
-На едната страна од парламентот во 19 часот се противниците на Кабинетот на Петков, а таму е и опозициската партија Преродба. Присутни се поддржувачите на власта.
-Има засилено полициско присуство околу зградата на Народното собрание, поставени се и метални огради. МВР ги мобилизира сите сили поради сигнали за очекувани провокации, објавија бугарските медиуми.