Утре конечно договор за избирачкиот список, за ДИК и за дијаспората?

од desk3
108 прегледи

Договор меѓу политичките партии потписници на Договорот од Пржино најверојатно ќе има утре, дознава „Мета“ од извори во работните групи.

Прашањето за избирачкиот список е речиси договорено.

11909636_10205045946524687_192932654_n

Има само мали несогласувања околу начинот на гласањето на дијаспората.

Граѓанската организација МОСТ била повикана на денешната средба на работните групи за да направи презентација на можноста за активна регистрација на гласачите.

– Бевме само повикани да ги презентираме нашите ставови околу активната регистрација. Нашата улога е консултативна. Кога завршивме со презентацијата, ја напуштивме средбата – изјави Дарко Алексов, претседател на МОСТ.

Утре, во 15 часот е закажана уште една средба на работните групи, со што би требало да се затвори делот за избирачкиот список, ингеренциите на ДИК и гласањето на дијаспората.

МЕТА