Премиерот Димитар Ковачевски утре напладне во Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи лидерска средба со претседателите на парламентарните политички партии.
Средбата, како што е најавено, ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието во 12 часот.
Евроинтеграциите останува нејасно дали ќе бидат тема на лидерската средба.
Ковачевски во најавата дека ќе свика лидерска средба ги посочи како една од темите на кои ќе се разговара, но тие не се најдоа на агендата што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја објави како прифатлива за одржување на лидерска средба.
Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ги посочи премиерот Димитар Ковачевски, како теми на лидерската средба.