Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно

од Vladimir Zorba
7 прегледи

УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури.

За време на викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.