Утре на Плоштад протест против руската инвазија во Украина

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ најави протест против руската инвазија во Украина утре, 6 март, а собирот ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија.

Воедно информираа и дека хуманитарната помош за Украина ќе се собира на Плоштадот Македонија секој ден во поставен шатор.

„„Лесја Украинка“ ги повикува сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“, се вели во најавата.

Слични содржини