Утре наутро во западните и североисточните делови на Македонија ќе има услови за провејување на слаб снег. Од пладне времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Повремено засилен засилен ветер ќе дува на југоистокот, кој ќе доживува засилувања во одредени периоди.
Од почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови се очекува од среда кон четврток