Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва информираше дека утре на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев не може да има спонтано доаѓање на гробот на револуционерот.
-Затоа е направен распоред и имаме воспоставено систем. Во текот на денот ќе може да се поклони секој кој што сака. Не може да има спонатно доаѓање утре бидејќи таква е организацијата и ризикот е на повисоко ниво. Никогаш немало вакви тензии на минатите тензии како сега што се направени. Работата на државата е да воспостави ред, кажа Спасовски во емисијата „360“.
Министерот информира дека од партијата ВМРО-ДПМНЕ се организираат во поворка да тргнат од седиштето и да се упатат во црквата Св. Спас.
-Во заштитената зона ќе влезат само делегациите кои што се пријавени. Тоа е дефинирано со оперативниот план. додаде Спасовски.