238
Утре попладне ќе има нова средба помеѓу лидерот на СДСМ во оставка, премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
На средбата се очекува да се преговара околу можните кадровски понуди, како и да се прецизираат програмските приоритети на кои Алтернава инсистира да се најдат во евентуалната идна владина програма.
Средбата доаѓа откако Гаши во петокот доби зелено светло од својата партија да ги продолжи преговорите со Заев.