Утре ново задолжување од домашните кредитори – владата бара заем од 7 милиони евра

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Владата утре од домашните кредитори преку аукција на државни хартии од вредност ќе се задолжи со 7,07 милиони евра. Веќе во среда, државата е треба да им врати идентична сума на кредиторите и да ги подмири старите долгови.

img.aspx

Од почетокот на годинава, владата закажа четири аукции, а се одржа само три. Минатата недела откако задолжувањето беше откажано без објаснување, дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој претходно го оспори одржувањето на аукцијата најави дека ќе побара одговорност. Додека владеачката ВМРО ДПМНЕ го обвини Наумов дека ја попречува реализацијата на буџетот и го крши законот за буџет поради што треба да поднесе самиот одговорност.

Инаку од почетокот на годинава владата од домашните банки, пензиски друштва,фондови, осигурителни компании и други кредитори собра 32 милиони евра повеке од колку што бараше. Заклучно со декември 2015 година јавениот долг изнесува 4 милијарди 224 милиони евра, или 47 % од бруто домашниот производ, што е највисоко ниво измерено до сега.