Некои прогнозите  на поупатените се дека вмро дпмне ќе се труди да го одолговлекува прпоцесот што подолго , а во меѓувреме да ја тера кампањата и купувањето на гласовите.  СДСМ ке се троши на констатирањето на нефер пристапот на власта и забелешките  на изигрување на договорот од властодршците,и ке се обидува да го оддржува тајмингот, што само по себе не е доволно за процесот. Странците, велат упатените нема да дозволуваат влечење на процесот, но, останува тоа едно големо НО- власт е власт.

Меѓу точките кои треба да се разгледауваат се и изборот на специјалниот јавен обвинител, надлежностите и структурата на ДИК, избирачкиот список и низа прашања на кои треба да им се најде решение.

Освен пречистувањето тука е , предлогот за активната регистрација, гласањето на дијаспората и другите делови од изборниот законик ќе бидат ставени на маса.

Роковите предвидуваат до 15 септември да се утврди и законската рамка и името на човекот кој ќе ја обавува функција специјален обвинител  за да може да оди на избор во Собранието на Република Македонија.

Средбата на претставниците на партиите е најавена за утре а дел од нив веќе остварија средби со амбасадорите на САД и ЕУ Бејли и Орав.