Утре попладне се очекува нестабилно време со краткотраен пороен дожд и грмежи

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C. Утре во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Слични содржини