283
Ретко затемнување на „крвавата месечина“, последно до 2025 година, ќе се случи утре и ќе биде видливо од речиси целиот свет.
Овој спектакуларен астрономски феномен е познат како „крвава месечина“ поради чудната црвеникава нијанса што месечината ја добива и може да се набљудува без специјална опрема.
Следното целосно помрачување на месечината нема да се случи пред 13-14 март 2025 година (во зависност од тоа каде се наоѓате), пишува порталот ScienceAlert.