Утре прекин на водоснабдувањето во делови од Карпош од 9 часот

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, утре (10 февруари) ќе има прекин на водоснабдувањето во повеќе улици во општина Карпош, информираат од ЈП Водовод и Канализација.

од desk4
22 прегледи

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, утре (10 февруари) ќе има прекин на водоснабдувањето во повеќе улици во општина Карпош, информираат од ЈП Водовод и Канализација.

Како што соопштуваат од претпријатието, ќе се врши санација на дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри, лоциран на крстосницата меѓу улиците Његошева и Софиска.

Поради интервенцијата, без вода ќе останат корисниците на улиците Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхолмска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.

Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до целосно завршување на санацијата. Засегнатите улици се наоѓаат на територијата на Карпош.