Продолжува теренската вакцинација ширум земјава, соопшти Министерството за здравство. Според нив, вакцинацијата утре ќе се спроведе низ следниве општини и населени места:
Тетово – Брвеница, Д.Седларце, Пирок, Раковец
Гостивар – Беловиште, Лакавица
Струмица – Ангелци, Градашорци,
Кочани – Кучичино
Кичево – Извор, Малкоец, Попоец, Душугубица, Подвис,Добреноец
Македонски Брод – Г.Крушје, Д.Крушје, Црешнево,Слатина, Грешница
Велес – Сливник, Клуковец
Берово – Митрашинци
Здравствените власти апелираат граѓаните да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи, како што велат, тоа е единствениот начин да се спречи нов бран на пандемијата.
-Вкупно се аплицирани 847.336 дози вакцини, а ревакцинирани се 351.369 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 18.149 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.650 граѓани, велат од МЗ.
63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
-60% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 55% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина. 45% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, стои во соопштението.