Утре протест пред Кривичниот суд, се бара правда за случајот со малиот Мануел кој беше усмртен на „Пластичарска“

од Nikola Popovski
192 прегледи

За во петок (24 ноември) е најавен протест за правда на малиот Мануел кој беше усмртен на улицата „Пластичарска“ на 12-ти октомври годинава. Протестот ќе почне од собирното место пред теќето во Топаана, а ќе заврши пред Основниот Кривичен суд. Пред Кривичниот суд ќе се обратат двајца говорници, таткото на Мануел, Себастиан Асановски и претставник на институтот „Ромалитико“.

На 12 октомври, 21 годишниот Шукри Зеќири, со возило марка Мерцедес Е-320 на улица „Пластичарска” со брзина од 76 километри на час (26 километри час над дозволената брзина од 50 километри на час) го усмрти 10 годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на трагедијата.

На 15 ноември, судијката Марија Клетничка донесе пресуда во која се наведува дека  21-годишниот Зеќири сторил кривично дело и му е определена затворска казна од 2 години и 3 месеци и 3 годишна забрана за управување со моторно возило по отслужување на казната.

Од „Ромалитико“ истакнуваат дека ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, како во случајот на Мануел, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата.

-Укажуваме дека губењето на животот на 10 годишниот Мануел е трагедија и болка којашто ќе го следи семејството до крајот на животот и најмалку што може судот да направи за овој случај е да донесе праведна одлука за казна на сторителот.

Со организираниот протестен марш, Ромалитико, ромската заедницата и сите незадоволни од судскиот систем, а во овој случај незадоволни од одлуката на судијката Марија Клетничка донесена во петок (24 ноември), бараме:

1.    Казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторенокривичното дело;

2.    Пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата еРом/ка

3.    Активноучество на ромската заедница во судската власт, стои во соопштението на „Ромалитико“.

Слични содржини