Утре протестен собир „Кога пилите ќе стивнат“

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Иницијативата Зелен хуман град за утре, 13 јуни закажа протест против уништувањето на зеленилото и за зачувувањето на белите дробови на главниот град.

Сечењето на дрвјата на „Орце Николов“ е последниот инцидент, па покрај искажувањето револт за него, граѓанските организации здружени во иницијативата Зелен хуман град утре ќе побараат ревизија на проектот за реконструкција на оваа улица; пријави по службена должност доколку имало несовесно работење; Град Скопје и општините во иднина задолжително да ги презентираат проектите за реконструкција на улици со цел да не се повтори ваков случај; задолжително на веб-страниците да се објавуваат решенијата за сечење зеленило; да се ажурира Зелениот катастар и тоа да биде обврска во иднина…

Според најавата за утрешниот протест, демонстрантите со една минута молк ќе им оддадат почит на паднатите дрвја, ќе остават цвеќиња, но ќе испратат и порака дека повеќе не смее да падне ниту едно друго дрво на улицата.