Се очекува претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ – Охрид, Томислав Тунтев, со почеток во 14 часот во хотелот Ривиера на прес конференција да ја обелодени најновата група снимки од прислушкувани разговори.
Во 18.30 часот на плоштадот Крушевска Република ќе почне Маршот на вистината, кој ќе заврши на градскиот плоштад, каде ќе говори и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
