235
Советот на јавни обвинители утре ќе избира нов прв човек на Вишото јавно обвинителство во Скопје.
Претставени се тројца кандидати, актуелниот обвинител Мустафа Хајрулаху, Бурим Рустеми и Фатима Фетаи. Русетеми и Фетаи беа дел од Специјалното јавно обвинителство.
На утрешната седница ќе биде донесена и одлука за именување на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. На истата седница се очекува да се изберат и неколку шефови на обвинителства и во други градови, како во Гостивар, Велес, Битола, Кавадарци и Куманово.
Исто таке, се очекува и распишување нов конкурс за избор на 4 нови обвинители во Обвинителството за гонење криминал и корупција.