Утре се очекува врвот на магнетните бури од Сонцето, кои ќе ја зафатат Земјата

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Врвот на магнетните бури кои ја зафаќаат Земјата последниве неколку дена, се очекува да биде утре. Во позадина како последица на тоа ќе се почуствуваат горештините кои ќе продолжат.

Image_5670531_126

Силните сончеви ерупции започнаа на 23 јули, но најмногу сериозно тие ќе се почувствуваат во вторник. На 3 август повторно не очекува магнетна бура, но тоа ќе биде од послаб интезитет.

Експертите предупредуваат дека ако ерупција го достиге највисокото ниво Х, постарите луѓе и оние кои имаат проблеми со кардиоваскуларни заболувања, со полна сила ќе ги почувствуваат пројавите на сончевата активност врз себе.

Магнетните бури можат да предизвикаат забрзано чукање на срцето, промени во крвниот притисок, хипертензивни кризи, аритмија, тахикардија, екстрасистоли, мозочни удари, ризик од срцев удар. Меѓу симптомите се слабост и главоболка.

Освен од магнетни бури оваа недела треба да се чуваме и од жештина.

Температурите ќе се задржи над 30 степени, но нема да скокаат повеќе од 38 степени. Сериозни врнежи во наредните недели не се очекуваат.

Во исто време на 20 јули на територијата на Кувајт беше измерена највисока температура на планетата за целата историја на метеоролошките следења. Рекордната вредност на површината на Земјата достигна 54 степени над нулата Целзиусови во Мутриба, Северозападен Кувајт.