Утре во 12 часот ќе продолжи расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања

од desk4
178 прегледи

Утре ќе биде продолжена, по скратена постапка, расправата по Предлог-измените на Законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски, соопшти дека намерата е европските проекти да бидат што поефикасни во нивната реализација.

Реџепи : „Да не зборувам за важноста на овој проект за коридорите 8 и 10д. Коридорот 8 се поврзува со три други коридори, ние како граѓани на Република Македонија ќе имаме побрз пристап во Западна Европа, ова е тоа што ние сега го работиме. Мислам дека се согласувате со мене и дека немате ништо против да имаме побрз развој на патната инфраструктура. Овие се законите кои ги предлагаме за да се изградат овие коридори што побрзо и поефикасно“.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, пак од друга страна реплицираше дека според Деловникот нема усогласување со европското право коешто бара усогласување на европска регулатива.

– Во Деловникот вели дека усогласување на европското право треба да биде согласно европската регулатива и коресподентната табела да е полна, табелата е празна, ова не е усогласување со европското право, истакна Ласовска.

Станува збор за предлог измени на закони кои е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини