Утре во 9 часот пристигнува нов контигент вакцини од Кина

од Nikola Popovski
243 прегледи

Министерството за одбрана денес соопшти дека министерката Радмила Шекеринска заедно со министерот за здравство, Венко Филипче утре 15.05.2021г. (сабота) во поликлиниката „Јане Сандански“, пред складиштето за вакцини во 09:00 часот, ќе ја примат донацијата од Министерството за одбрана на Народна Република Кина од 100.000 вакцини.

„По примопредавањето на вакцините министрите Шекеринска и Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо ќе дадат изјави за медиумите.

Согласно мерките за заштита од КОВИД-19, задолжително е одржување на растојание, носење на заштитна маска“, велат од ресорното министерство.

„Помладите 40 години кои се пријавиле преку сајтот вакцинација.мк, ќе почекаат за вакциници -од денеска предност се дава на постарите кои се пријавиле дополнително, а за кои пристигнаа нови 40 000 вакцини од Астра Зенека“, изјави денеска министерот Филипче.

Слични содржини