Утре ќе се одбележи третата годишнина од членството на С. Македонија во НАТО – Алијансата

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Утре во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на третата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.

На свеченоста ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing”.

 

Слични содржини