Утрешниот генерален штрајк во Грција се заканува да ја парализира земјата

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Се очекува дека 24-часовниот генерален штрајк на кој повикаа синдикатите од приватниот и јавниот сектор во Грција во знак на протест против железничката несреќа на 28 февруари во Темпи, во која загинаа 57 лица, утре ќе ги запре повеќето услуги ширум земјата.

Атинското метро и трамвај ќе сообраќаат само од 10 до 15 часот, додека автобусите ќе сообраќаат од 9 до 21 часот.

Нема да има приградски возови, а во штрајкот ќе учествуваат и контролори на летање и морнари, пренесува „Катимерини“.

Синдикатот на новинарите во Атина (ЕСИЕА) соопшти дека новинарите рано денеска ќе штрајкуваат.

Генералниот штрајк, свикан од најголемите синдикати во приватниот и јавниот сектор во Грција, е последен во серијата протести против владата и политичкиот систем за кој се вели дека постојано ги игнорирал повиците на синдикатот за зголемени мерки за безбедност на железницата.

Премиерот Киријакос Мицотакис минатата недела објави дека Грција побарала совет од Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) како да ја подобри безбедноста на пругите, по несреќата на 28 февруари во која загинаа 57 луѓе кога возот со 350 патници, главно студенти, се судриле со товарен воз во близина на Лариса, во централниот дел на земјата.

Слични содржини