Утринава почувствувани три земјотреси во Македонија

од Nikola Popovski
61 прегледи

Утринава неколку последователни земјотреси биле почувствувани на територија на Македонија. Земјотрес бил регистриран во Скопје и според податоците, јачината на земјотресот била 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот на 11 километри северозападно од Скопје, на границата со Косово. Длабочината на земјотресот била 13 километри.

Претходно земјотреси биле почувствувани потреси во јужниот дел од државата. Првиот земјотрес бил регистриран во 1:12 часот, со епицентар во близина на Дојран на длабочина од 11 километри. Според Европскиот медитерански сеизмолошки институт со седиште во Франција (ЕМСЦ), потресот бил со јачина од 3,1 степен според Рихтер. Само една минута подоцна, на истото место, бил регистриран втор потрес, овој пат со јачина од 2.2 степени.

Досега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.

И во текот на минатата недела беа почувстувани неколку земјотреси на македонска територија, но со послаб интензитет.

Слични содржини