Утрово четири активни пожари низ земјава

од Nikola Popovski

Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК.

Во  Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина Велес, кај с.Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума, во Општина Долнени, меѓу с Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај с.Пухче ниска вегетација и шума.

Другите 19 изгаснати пожари во последното деноноќие биле на целата територија на државата, во општините:

– Општина Арачиново, кај село Арачиново (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Карпош, близу до Канал 5 (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, четири пожари, покрај патот Битола – Прилеп, кај Агроинвест, кај село Рилево, село Словие и кај „Алфа Ауто – Прилеп“ (ниска вегетација, стрниште, нискостеблеста шума, трева и грмушки);
– Општина Кривогаштани, кај пречистителна станица на Кривогаштани (ниска вегетација);
– Општина Крушево, кај месноста „Кобел“ (ниска вегетација);
– Општина Велес, село Мамутчево (ниска вегетација);
– Општина Расоман, кај ф-ка „Синсиритас“ (ниска вегетација и напуштени лозови насади);
– Општина Кочани, два, кај село Мојанци и кај село Ново селени (Ниска вегетација);
– Општина Куманово, три вкупно, еден кај село Брзак, и два кај Скачковце (ниска вегетација и отпаден материјал);
– Општина Крива Паланка, село Конопница (депонија);
– Општина Старо Нагоричане, село Никулане (ниска вегетација и ниско стаблеста дрва );
– Општина Јегуновце, село Беловиште (ниска вегетација) и во
– Општина Гостивар, село Градец (каде што горела ниска вегетација).

Слични содржини