440
Град Скопје утрово го започна вонредното прскање против комарци во Скопје.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вчера изјави дека против комарци прскале пред десетина дена и предупреди дека зачестените интервенции се опасни по здравјето на граѓаните.
-Ако прскањето е зачестено, може да го загрози здравјето на граѓаните, што навистина мислам дека треба да се има во предвид. Токму тоа беше причината што имавме пауза од десетина дена – кажа Шилегов.
Со денешното авионско прскање беа опфатени над 10 илјади хектари и 54 жаришта на комарци.