Утврден е дополнетиот Предлог на Буџетот за 2023 година

од Vladimir Zorba

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието на Република Северна Македонија кадешто беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии.

Слични содржини