115
Владата откако го разгледа, го утврди Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природата, кој ќе биде испратен во Собранието на натамошно одлучување.
Со донесување на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата ќе се овозможи:
- зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности;
- спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;
- создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;
- одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.
Блатото Студенчишта претставува последен глацијален реликтен остаток на блатната вегетација во нашата држава, развиен за време на периодот на плеистоценот и е во загрозена состојба заради присуство на депонија, прекината комуникација со езерото, палење и уништување на блатната вегетација и формирање на обработливи површини.