Нутриционистка чие истражување е насочено на однесувањето и долговечноста, ги објави резултатите од своето истражување на луѓе постари од 70 години, пренесе „Пинк.рс“.
Како дел од истражувањето, таа интервјуирала десетици луѓе кои се во осмата деценија, па дури и постари. Некои од учесниците имале и околу 100 години.
Исхрана
„Повеќето од нив јадеа растителна храна, но морам да потенцирам, не сите. Тајната се чинеше е тоа дека сите ја пронашле токму исхрана што им одговара. Тие умееле да реагираат кога телото се побунило против некоја храна и да ја заменат, така што тие поминале поголем дел од својот живот конзумирајќи храна што им одговара“, рече таа.
Елиминација
Нутриционистката наведува дека знае дека празнењето на мочниот меур и цревата не е „се*си тема“, но е многу важна.
„Сите учесници во мојата студија пијат доволно течности и редовно одат во тоалет. Тие немаа проблеми со елиминирање на отпадните материи од телото. На тој начин, тие го одржуваа здравјето на дигестивниот систем, вклучително и имунитетот и го заштитуваа организмот од воспалителни процеси кои му штетат. Внесуваат доволно вода и храна богата со растителни влакна“, рече таа.
Ментално здравје
Сите учесници во нејзината студија имале јасен приоритет кога станува збор за одржување на менталното здравје. Некои од нив биле посветени верници, некои вежбале јога или медитација, но сите, вели таа, имале позитивен ментален став кон животот.
„Тие многу се движеа, медитираа, еден господин многу често ја читаше неговата Библија. Секој од нив најде соодветен метод за смирување и фокусирање, а со тоа и справување со стресот, кој е голем агресор за нашето тело“, рече нутриционистката.