УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме продолжување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци

од Andreja Salpe

Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска на прес-конференција до јавноста вели дека  семејното насилство врз жените е зголемено за 45%. Исто така, таа истакна дека застрашувачки е бројот на отпуштени жени во текстилната индустрија, како што и бројот на жени кои се исклучуваат од социјалниот и општествениот живот со цел да се грижат за семејството кое се бори со пандемијата е голем.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати се обратив на темата колку статистички жените се најпогодени во пандемијава: семејното насилство врз жените е зголемено за 45%, застрашувачки е бројот на отпуштени жени во текстилната индустрија, бројот на жени кои се исклучуваат од социјалниот и општествениот живот со цел да се грижат за семејството кое се бори со пандемијата е голем.Како Унија во чии центар на постоењето е ЖЕНАТА – нејзиното право на рамноправност и независност, борбата против родово базираното насилство и сексизмот, не можеме да останеме индиферентни на крикот на мајките кои се борат за ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО во време на пандемија.Унијата на жени во соработка со Централната комисија за труд  и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ, внимателно ги разгледа барањата на мајките и им ја понудивме нашата помош и поддршка за заштита на нивните работнички и човекови права како жени и работнички!” – истакна Пешевска

loading...

Слични содржини