Ужас: Маж ја начекал сопругата со љубовникот, него го врзал и го искасапил со секира

од desk2
197 прегледи

Тело на маж убиен со удари од секира и со врзани раце и нозе најдено е во една куќа во село крај Сремска Митровица во Србија.

Според последните информации, полицијата уапсила еден триесетгодишен маж кој го признал убиството.

Неофицијално, осомничениот рекол дека го убил човекот затоа што го начекал во сексуални односи со неговата невенчана сопруга.

Мештаните велат дека жената често ја гледале со различни партнери, и дека од еден од нив била жртва на насилство.