Бизарна несреќа се случила денес околу 11.30 часот во Бечеј на српските православни гробишта.

Имено, од засега непознати причини, експлодирал ковчег. Поради силата на експлозијата, парчиња на дрво од кој е изработен ковчегот се разлетале и ја повредиле Д.А. (71) од Жабља, жена која била во близина.
Иако причината за експлозијата не е позната се претпоставува дека реакцијата се случила откако комуналните работници ставиле сув мраз во ковчегот со починатиот, со цел телото побрзо да се олади.
Работниците веднаш го замениле ковчегот и погребот продолжил.
Истрагата за овој инцидент е во тек.