Ужас во Грција: Бебе украдено од мајка, пронајдено во кеса покрај ѓубре

од Марта Пешевска
403 прегледи

Во грчкиот град Алимос се случи потресен настан – бебе беше пронајдено оставено во кеса, покрај корпа за ѓубре. Неколку часа претходно, жена од ромска националност пријавила во полиција дека непознат човек ѝ се приближил и ѝ понудил да ѝ купи нешто за бебето. Брзо потоа тој го зел бебето од нејзините раце и побегнал.

По околу два часа, случаен минувач слушнал бебешки плач и го пронашол новороденчето ставено во кеса, оставено покрај контејнер. Тој веднаш ја повикал полицијата. На местото на настанот пристигнала брза помош која го презела бебето и го пренела во болница за лекарски прегледи и нега. Полицијата ја повикала мајката и бабата на бебето за да дадат изјави и да помогнат во расветлување на случајот. Засега не се познати сите детали околу инцидентот, а истрагата е во тек.

Случајот предизвика вознемиреност кај јавноста, а властите работат на тоа да откријат што точно се случило и кој стои зад овој ужасен чин.

Слични содржини