Ужасен случај на семејно насилство ја потресува Србија. Приведен е 40-годишник кој го тепал 5-годишниот син и му ги ставал на врела рингла дланките и стапалата.
– Осомничениот се товари за семејно насилство. Момчето било примено во болница во тешка состојба. Имало подливи и модринки. Но, при прегледот лекарите констатирале изгореници на дланките и стапалата.
Момчето е во тешка состојба.
Осомничениот за насилство врз неговиот малолетен син е примен на вештачење на Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“.
По вештачењето, доколку е законски способен, ќе биде спроведен на распит во Второто основно јавно обвинителство во Белград, соопштија за Танјуг во тоа обвинителство.
По вештачењето ќе биде донесено решение за притвор. Доколку осомничениот не е законски способен, тоа ќе се спроведе без негово сведочење.