Ужас во струмичко: Ја прободел сопругата и се обидел да ѝ стави непозната течност во уста

Лишен од слобода маж од струмичко, на сопругата и нанел повреди со остар предмет, а се обидел и со шприц насилно да и стави непозната течност во устата

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

На 26.11.2025 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен  жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.