Ужас во Виена: Македонски државјанин обвинет дека држел девојка како сексуална робинка

од Nikola Popovski
430 прегледи

Припадници на австриската полиција уапсиле државјанин на Северна Македонија (51) кој две недели држел девојка (29) како сексуална робинка.

Лицето било пријавено од жртвата која наводно 14 дена била затворена во стан во Виена и постојано силувана и физички малтретирана. Таа во саботата успеала да побегне и да контактира со пријателка кој повикала полиција, пишува „Vienna.at“.

Полицијата веднаш реагирала и на пријавената локација во квартот Мајдлинг нашла млада девојка како седела на скалите од зградата. Таа во полиција признала дека го познава насилникот бидејќи купувала дрога од него.

Полицијата успеала да му влезе во трага на македонскиот државјанин и тој сега е во притвор под истрага на тамошната Државна канцеларија за криминалистичка полиција.

Жртвата изјавила дека македонскиот државјанин во неколку наврати бил крајно насилен, особено кога станувало збор за сексуална принуда. Во полиција изјавила дека го искористила неговото невнимание и побегнала, по што веднаш стапила во контакт со својата пријателка.

Македонскиот државјанин е осомничен за кривични дела силување и лишување од слобода.

Слични содржини