Ужасна смрт за децата во Алепо – светот нем пред теророт

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Светот ги затвора очите за жестоката смрт, која ги следи сириските деца во Алепо. Министерствата за одбрана на различни држави упорно одбиваат да ги забележат случувањата, дури откако пред неколку дена три деца загинаа во училиште. Тоа беше нападнато од терориети, а голем број од децата беа повредени, потсетува 1tv.ru.
„Ова е најкрвавиот настан. Многу од родителите на загинатите дури не знаеја што се случило со децата бидејќи мобилните телефони во градот не работат, но гласини брзо го обиколија градот и родителите набрзо почнаа да се собираат во училиштето”, пишува рускиот сајт.

Од таму се рашири и шокантно видео кое го покажува ужасот по грозоморниот крвав напад над невините деца.

Училишните скали се покриени со крв од децата, а нивните тела биле толку изобличени што нивните родители едвај ги препознале во мртовечницата.

Слика која се вовлекува под кожа: малиот Омран од Алепо, размачкан со крв, седи во болничко возило и гледа во празно, облеката му е искината, косата полна со прашина. Фотографијата направена од еден активист пред неколку недели, предизвика вџашеност во целиот свет, зашто апатичниот поглед на малото дете овозможува да се насети какви последици предизвикува војната во неговата татковина за него и бројни други деца и млади луѓе.
Алепо со недели е подложен на бомбардирање од страна на сириската влада и Русија, со краток прекин од три дена, од четвртокот до саботата. Според информациите на ОН, во градот се опколени околу 250.000 луѓе. Последните бомбардирања беа најжестоките од почетокот на граѓанската војна во 2011. година.
Само во последната офанзива од 22 септември беа убиени преку 500, ранети 2.000 луѓе. Околу една четвртина од жртвите се деца. Нивниот број може драматично да расте, зашто според проценките на УНИЦЕФ, Организацијата на ОН за помош на децата, во источниот дел од Алепо се наоѓаат околу 100.000 деца и младинци, пишува Дојче Веле.