УЖАСНА вест од Албанија: Фудбалер почина на терен – смртта на најдобриот стрелец во лигата го шокираше светот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
359 прегледи

Ужасна вест доаѓа од Албанија. Напаѓач од Гана колабирал на теренот на натпреварот од тамошната Прва фудбалска лига во 24. минута, лекарската служба реагирала и се обидела да го реанимира, но безуспешно. Веднаш бил префрлен во болница, но лекарите не го спасиле неговиот живот.

Рафаел Двамена, најдобриот стрелец на албанското првенство, починал веднаш по натпреварот од 13. коло на шампионатот на натпреварот меѓу Егнатија и Партизани.

Двамена играл за Егнатија, првопласираната екипа во албанската лига, имал 28 години, а ова не било прв пат да колабира на натпревар, бидејќи слично нешто, му се случило пред две години во Купот на Австрија на натпреварот помеѓу Линц и Хартберг.

Штом Двамена колабирал на теренот, судијата и фудбалерите на двете екипи почнале да трчаат кон него и да бараат помош од лекарските екипи.

Засега се претпоставува дека се работи за срцев удар кој бил кобен за стрелецот на девет гола во досегашниот тек на албанското првенство.

Во текот на кариерата играл за бројни клубови, од Салцбург, чии бои ги бранел од 2014 до 2016 година, преку Лајринг, Австрија Луштенау, Цирих, Леванте и Сарагоса, до Вејле, Линц и Егнатија.

Во Шпанија му констатирале проблеми со срцето и му препорачале веднаш да се пензионира, но тој решил да ги игнорира советите во 2019 година и почнал да настапува со дефибрилатор.

Слични содржини