Експерт за репородуктивна биологија прави страшни истражувања.

Гласините за гадни научни експерименти спроведени во Советскиот Сојуз, постојат децении, но дури по крајот на Студената војна се отворени архиви кои дозволуваат да научиме нешто повеќе за обидите на советските научници да создадат вкрстување помеѓу човек и мајмун.
Експериментот
Во основата на овие страшни обиди е работата на д-р Илја Иванов, познат експерт за репродуктивна биологија. Во неговата лабораторија сепак се правеле прилично пострашни работи од тоа да се создадат дебели крави. Во 1927 година тој презел научно патување до Африка. Причината – да научи нешто повеќе за создавање на хибрид помеѓу човек и мајмун.
Иванов отвора лабораторија во Гвинеја, каде што почнува да експериментира со шимпанзата. За среќа неговите обиди немале успех. Причина за тоа била неподготвеноста на локалните вработени во лабораторијата да соработуваат. Во своите спомени тој пишува дека постојано мораше да крие вистинската цел на обидите, бидејќи ако локалните научиле за неа “, последиците требало да бидат доста неповолни”.
Разочаран, Иванов се вратил во Советскиот Сојуз, водејќи со себе орангутан на име Тарзан. Со него докторот се надевал да продолжи обидите на родната земја. Уште повеќе, тој побарал жени кои ќе го носат детето на Тарзан и дури имал неколку доброволки.
Малку подоцна сепак мајмунот умрел, а докторот западнал во работен камп поради промените во советското општество.
Се појавија гласини дека неговите обиди биле продолжени, но за тоа нема категорични докази.