Ужасот на мобилизацијата: Солзи во центрите за регрутирање додека мажите заминуваат во војна

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Делумната мобилизација што е во тек во Русија може успешно да ја исполни внатрешната квота на мобилизиран персонал на Кремљ, но веројатно нема да произведе ефективни војници и предизвикува значителна домашна реакција за мала добивка, се вели во вчерашниот извештај на Институтот за војна (ISW).

Руските власти насилно ги регрутираат руските граѓани да се борат во Украина под слаби изговори, со што го прекршуваат ветувањето на Кремљ дека ќе регрутира само оние со воено искуство, се додава во извештајот.

Руските власти, исто така, очигледно мобилизираат персонал (како што се демонстрантите) за да се приклучат на војната во Украина. Пристапот на Кремљ за делумна мобилизација веројатно ќе го засили незадоволството поради мерката што би била непопуларна дури и да била спроведена без строгите пристапи забележани во изминатите 24 часа.

Западните и руските опозициски медиуми објавија случаи кога руски воени комесари им давале известувања за воен рок на демонстрантите во Москва и Воронеж. Руските опозициски медиуми објавија и за банкарски ИТ експерт кој добил оглас за воен рок и покрај тоа што никогаш не служел во војска или минал курсеви за воено образование на универзитет.

ИТ специјалистот е веројатно еден од многуте Руси кои добиле известувања за мобилизација и покрај тоа што не ги исполнувале наведените критериуми за делумна мобилизација.

Студент на Универзитетот во Бурјатија објави видео од Росгард и воената полиција како ги одвлекуваат студентите од часовите, наводно заради мобилизација, и покрај тоа што рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека руските студенти нема да бидат мобилизирани.

Мажите почнаа да добиваат повици веќе на полноќ. Повикани биле и наставниците во училиштата. На луѓето им беше даден еден час да се спакуваат и да се појават во центрите за регрутирање. Жените и децата плачат додека им мавнат на своите сопрузи и синови додека одат во непознатото, пишува „Гардијан“.

Првиот ден од првата руска мобилизација по Втората светска војна донесе емотивни сцени во регрутните центри, па дури и знаци на протест, а судејќи по почетокот, се чини дека Русија може да регрутира значително повеќе од 300.000 нови регрути како што најави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

Слични содржини