Метеорскиот рој Персеиди – кој не е ретка астрономска појава, туку се повторува секоја година во различни периоди во двомесечјето јули-август, вечерва и ноќва ќе ја има најголемата активност и ќе овозможи убави глетки.
Како што појаснија од Скопското астрономско друштво, за целосно убав впечаток, треба да се знаат неколку нешта:
Каде?
Што е потемно место тоа подобро. До колку сте во град ќе морате да одите малку подалеку на некое место каде нема сијалици ниту некое значително свелосно загадување. Ако веќе имате и неможете да избегнете некое светло гледајте барем да не гледате во таа насока туку во дел од небо каде е најтемно.
Како?
Метеори се набљудуват со голото око без помош на двоглед или телескоп. Можете да си најдете некоја столица или лежалка, да се облечете потопло и да се свртите кон најтемен дел од небото и да уживате во ѕвезди што паѓаат.
Кога?
Најдобро е да почнете некаде после полноќ и кога ќе набљудувате немојте да користите телефони или било какво светло затоа што ќе ви се уништи тнр ноќниот вид и тие побројните и послабите по сјај метеори нема да ги видите. Во видното поле избегнувајте да ви бидат било какво светло, некое дрво или куќа или било што што ќе ви го попречи видното поле. Одберете некоја светла ѕвезда на околу 45 степени (+/- 10ина степени) над хоризонтот и гледајте да не менувате видно поле што е можно подолго.
Облечете се добро, одберете си темно место и уживајте.